Основни податоци за осигурувачот:
Назив на субјектот: Друштво за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје
Седиште: Бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3288 800 Факс: +389 2 3215 128
email: info@uniqa.mk
ЕМБС: 5896100 ЕДБ: 4030004518463
Дритон Азизи, претседател на управен одбор
Надзорен Одбор: Авни Понари (претседател), Алма Тотокоци (член), Арбен Чаволи (член), Гералд Муелер(член)
Управен Одбор: Дритон Азизи (претседател), Борче Богески (член), Билјана Стојанов(член)
Надзор над работењето на осигурувачот врши: Агенцијата за супервизија на осигурување на Република, http://www.aso.mk
Со овој документ Корисникот потврдува дека е запознаен со условите на осигурувачот, Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје, кои се во согласност со одредбите на Законот за супервизија на осигурување (Службен весник на РМ бр. 27/2002, 79/2007, 88/2008 67/10 и 44/11), Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ 38/2004, 77/2007,103/2008, 24/2011) и Законот за електронска трговија (Службен весник на РМ бр. 133/2007, 17/2011).
Корисникот е должен да достави вистинити и потполни податоци, кои му се потребни на осигурувачот во процесот на договарање на осигурувањето.
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, корисникот изјавува дека е согласен наведените лични податоци, да бидат употребени, обработени, регистрирани и зачувани од страна на осигурувачот Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје, се со цел да се изврши верификација, евидентирање, употреба, како и во други случаи утврдени со закон.
Овие податоци ќе се чуваат како деловна тајна.
Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје се обврзува на чување на приватност на сите корисници на веб страната и веб продавницата. Корисниците имаат можност за елекронска комуникација со осигурувачот и им се остава можност за избор дали сакаат податокот за електронската адреса да се користи во маркетиншки цели.
Продажбата преку веб продавницата на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје се врши преку Халк Банка, со сите картички од брендот на VISA и MASTERCARD. Банката гарантира за сигурноста на реализираните трансакции и безбедноста при внесување и пренос на податоци од картичка. Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје не ги обработува лични податоци на корисникот поврзани со платежнта картичка.
При купување на избраниот производ, неопходно е корисникот да ги внесе следните податоци: Број на картичката, Датум на истекување на картичката, CVV2/CVC2 кодот за безбедност на картичката (внесете го бројот кој што содржи 3 цифри и се наоѓа на вашата задна страна од картичката).
Корисникот изјавува дека е запознаен и согласен со Општите услови на УНИКА А.Д Скопје и тоа го декларира со активно однесување (клик на соодветното копче - "Се согласувам", што значи дека ги прифаќа сегашните Општи услови).
Оваа интернет апликација овозможува продолжување на полисата за автомобилска одговорност, на рок од една година исклучиво за возила кои веќе имаат склучено договор за осигурување од автомобилска одговорност за претходниот период со било која Осигурителна компанија за неживотно осигурување во Р.Македонија.
Податоците кои ги внесува корисникот во оваа апликација мораат по форматот и содржина да одговараат со податоците од претходните полиси, како би се задоволиле критериумите за проверка преку системот на Националното Биро за осигурување на Р.М.